Жална вест: Почина поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва почина Кирил Андоновски, поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, каде што беше и претседател на Законодавно-правната комисија, јавува „Слободен печат“.

Во неговата плодна општествено-политичка кариера тој беше и член на ДИК, претседател на партиската Статутарна комисија, секретар на Правната комисија и Судот на честа, член на Извршниот одбор на Град Скопје, како и професор во средно училиште.
 
Андоновски е роден во Долно Мелничани, Дебарско, во 1937 година.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа