„Жал ми е, никогаш нема да си простам“ - Адем бил уморен, но не сакал да одмори во Србија, па ги убил близнаците

Адем Смаил(49), Албанец од Косово, државјанин на Финска, признал дека е виновен за смртта на Александар Пешиќ(42), неговата мајка Станица(75) и синовите Наум и Вук(8).

Жал ми е, никогаш нема да си простам – изјавил Адем.

Тој признал пред обвинителот дека заспал зад воланот на автопатот кај Пожаревац, кога предизвика несреќа во која загина четиричленото семејство Пешиќ од Крагујевац.

Смаил со наведната глава рекол дека му е жал.

Основниот јавен обвинител во Смедерево после сослушувањето барал на Смаил да му се одреди притвор од 30 дена. Смаил, како што се наведува, соработувал со српските истражни органи и за време на увидот и после тоа. Рекол дека се кае поради трагедијата и дека се би дал да може да го врати времето.

Тој до детаљ раскажал што и претходело на трагедијата.

Рекол дека рано наутро со сопругата и двете деца со автомобилот „фолксваген шаран“, тргнал од Косово каде што бил на одмор. Тргнеле кон Финска, каде живеат и работат. Како што рекол, бил многу уморен, но мислел дека ќе го издржи возењето, барем додека не излезе од Србија. Меѓутоа кај Пожаревац сонот бил многу посилен од него и одзади го удрил цитроенот во кој било семејството Пешиќ. Цитроенот потоа слетал од патот, ја пробил банкината, се испревртел и завршил во удолнината крај патот.

На полицијата веднаш и било јасно дека возачот на фолксвагенот, заспал.

Неговото движење, веднаш укажало на тоа дека изгубил контрола и дека не бил свесен што прави. Имено бил во лентата за запирање, кога одеднаш свртел во средната лента и почнал нагло да забрзува, а 250 до 300 метри подалеку, без кочење одзади го удрил цитроенот, кој бил подготвен да се исклучи од автопатот кон Пожаревац.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2019 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега