Зголемување на минималните плати и пензиите во Грција

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави зголемување на минималната плата и пензиите во Грција.

 
Зборувајќи за економската политика, Мицотакис рече дека минималната плата ќе се зголеми следната година, а пензиите ќе се зголемат за првпат по финансиската криза што изби пред повеќе од десет години.

Мицотакис рече дека околу 1,5 милиони пензионери ќе имаат корист од зголемувањето.

Тој најави и план за помош на младите за изнајмување или купување на куќи во вредност од околу 1,8 милијарди евра.

11.09.2022 - 11:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа