Згодна Хрватка обвинета за кражби го привлече вниманието на светот - во една ноќ ограбила 4 локали

Австралијанката Моник Агостино која има хрватски корени им привлече внимание на домашните власти, но и на светските медиуми.

23-годишната Агостино е атрактивна блондинка обвинета за неколку кражби, а во само една ноќ на почетокот на ноември минатата година ограбила дури четири локали.

Тогаш била запрена од сиднејската полиција која во нејзиното „мицубиши“ пронашла длето, како и три мобилни телефони од кои на едниот пишувало „сопствеништво на компанијата Линфокс“, пренесува „9Њуз“.

Моник Агостино е активна и на друштвените мрежи, а на Инстаграм ја следат осум илјади корисници. Во описот на профилот се претставува како горда мајка, „Хрватка/Австралијанка“, како и ловец на таленти и претприемач.

На судот ќе се брани сама, а австралиските медиуми пишуваат дека ѝ е одбиено барањето за кауција. Иако е обвинета за низа кражби во Сиднеј, Моник изјавила дека не се чувствува виновна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.08.2019 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега