Зендели за инцидентот: И пратениците се луѓе, Адеми е мирен човек

Пратеничката на ДУИ, Арта Биљали-Зендели гостуваше во „Топ Тема“ на „Телма“ при што даде коментар за вчерашниот инцидент на собраниската седница на Комисијата за европски прашања.

„Тензиите се многу големи затоа што ВМРО почна со активна блокада. Адеми е смирен човек и пак зборува со колегите од опозицијата. Тој ги развива односите со другите, но јас мислам дека голема провокација го изнервира. Не сум за насилство, но знам каков е Арбер и не можам да кажам дека тој тоа го направи по своја желба“, кажа Зендели.

Пратеничката вели дека опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и денеска сакала да направи инцидент со провокации.

28.06.2022 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега