Земјотрес во Македонија - се тресеше Струмица

Земјотрес со интензитет од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистиран попладнево во 17:10 минути со епицентар во реонот на Струмица.

Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, нејзината телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, го регистрирала земјотресот чиј епицентар бил на 120 километри југоисточно од Скопје во струмичкото епицентрално подрачје.

Земјотресот бил почувствуван од населението на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

03.08.2021 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега