Земјотрес во Македонија на денот кој секогаш ќе го паметиме по лошо

Земјотреси ја стресоа Македонија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерта на 11.9.2018 година во 20 часот и 00 минути регистрирше земјотрес кој потекнува од преспанското епицентрално подрачје.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.3 а беше почувствуван од населението во Охрид, Ресен и непосредната околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот се случи на денот кога пред две години имаше потрес во Скопје од 5,2 по Рихтер.

 

 

 

 

 

12.09.2018 - 17:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега