Земјотрес почувствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечера вечер во 23 часот и 15 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 115 km југозападно од Скопје во соседна Албанија.

Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 3.1, а беше почувствуван од населението во западните делови на нашата земја со интензитет од III степени,според Европската макросеизмичка скала.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2019 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега