Денеска, на 16 јануари 2026 година, во 18:03 часот, регистриран е земјотрес во западниот дел на Македонија.

Според првичните податоци, земјотресот бил со магнитуда од 2,2 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на потресот бил лоциран во близина на населеното место Лазарополе, во поширокиот регион на Националниот парк Маврово, на длабочина од 15 километри.

Поради ниската магнитуда, земјотресот бил почувствуван само од мал дел од населението во епицентралното подрачје и не предизвикал никакви материјални штети.

Exit mobile version