Француската полиција употреби солзавец и водени топови врз земјоделците кои протестираа пред зградата на Европскиот парламент во Стразбур, поради Договорот за слободна трговија помеѓу Европската Унија и јужноамериканскиот трговски блок Меркосур.

И покрај инцидентите, ситуацијата во областа останува релативно мирна, иако главниот влез на Европскиот парламент беше затворен за посетителите.

Протестантите носеа транспаренти со пораки како: „Меркосур е закана за нашата егзистенција“ и „Не за Зелениот договор“, како и навредливи постери против претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Во протестот учествуваа не само француски, туку и земјоделци од други европски земји.

Протестот е насочен против Договорот ЕУ–Меркосур, потпишан на 17 јануари во Асунсион, Парагвај. Со него се создава најголемата зона за слободна трговија во светот.

На договорот се спротивставија Полска, Франција, Австрија, Ирска и Унгарија, додека Белгија се воздржа при гласањето во Советот на ЕУ. Главната причина за нивниот отпор е стравот дека договорот ќе доведе до зголемена конкуренција во увозот на земјоделски производи од Јужна Америка и ќе го загрози интересот на европските производители.

Exit mobile version