Земјата се отвори и стана течна- необични сцени по силниот земјотрес во Хрватска (ВИДЕО)

Разорниот земјотрес во Хрватска освен паника и немир меѓу жителуте во Сисачко-мославачката жупанија, донесе и неверојатни сцени, а луѓето се во паника поради расцепите и земјата која буквално се отворила во селата Палањек и Тишина.

Во земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер, освен Петриње кое е во урнатини, тешко е погоден и Сисак.

На социјалните мрежи се појавија голем број фотографии на кои се гледа како земјата се отворила.

- Овие расцепи во земјата во Палањка се загрижувачки! Од едната страна низ целото село земјата е пропадната, а на другата страната од улицата низ целото село земјата е отворена и излегува кал и вода, напишала една жена објавувајќи и загрижувачки фотографии.

  

Во едно видео пак снимено после потресот се гледа необичен феномен кој се случува при јаки земјотреси. Се гледаат исплашени луѓе на отворен простор, додека под нозете им се отвораат пукнатини и земјата станува течна, пренесува Новости.

Иако многумина може да им се чини дека канализацијата се излеала, всушност, механичките својства на почвата се менуваат поради натопување, при што таа ја губи својата јачина и станува течна.

Овој феномен се јавува поради намалување на стресот помеѓу честичките на почвата, и е предизвикан од зголемен притисок предизвикан од земјотреси.

Иако овој феномен е познат подолго време, особено неговиот негативен ефект, кога почвата целосно го губи својот носивост, дури во 1964 година по земјотресите во Нигата, Јапонија и Алјаска, нејзиниот деструктивен ефект беше забележан од сеизмолозите и градежните инженери.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.12.2020 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа