Зеленски знаел дека Русија ќе нападне: Ако кажев, ќе нè заробеа за три дена

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски кажа дека од западните известувачки служби добил предупредување за специјална операција на Русија, но не го предупредил својот народ.

Зеленски кажа дека не им соопштил на граѓаните дека се подготвува такво нешто затоа што паниката ќе ја „уништи“ неговата земја.

„Ако кажев, ќе губевме по седум милијарди долари месечно од октомври минатата година, а Русите ќе нè заробеа за три дена. Ако се случеше во октомври, тогаш ништо немаше да бидеме во состојба да направиме“, објасни во интервју за „Вашингтон Пост“.

17.08.2022 - 23:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа