Зеленски за визите за Русите: Европа не смее да стане супермаркет

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски уште еднаш апелираше до земјите-членки на Европската унија да не им даваат визи на граѓаните на Русија, наведувајќи дека блокот не треба да стане „супермаркет во кој секој може да влезе“.

Зеленски рече дека неговото барање не се однесува на Русите на кои им е потребна помош, бидејќи тие „ја ризикуваат својата слобода или живот спротивставувајќи се на политиката на рускиот претседател Владимир Путин“.

„Мора да има гаранции дека руските убијци или соучесниците на терористичката држава не користат шенген визи“ – објасни Зеленски во ноќното обраќање, според „Ројтерс“.

Тој додаде дека суштинската идеја за Европа – заедничките европски вредности – не смее да биде уништена.

„Затоа Европа не смее да стане супермаркет во кој не е важно кој влегува и каде што е најважно луѓето само да плаќаат за стоката“ – рече Зеленски.

Зеленски оваа недела во интервју за „Вашингтон пост“ веќе повика на укинување на визите за руските граѓани.

13.08.2022 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега