Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека води разговори со американскиот претседател Доналд Трамп за можно распоредување на американски трупи во Украина, но нагласи дека конечната одлука е исклучиво во рацете на Вашингтон.

На прашањето дали САД разгледуваат распоредување свои сили на линијата на разграничување или на границата како дел од безбедносните гаранции, Зеленски истакна дека конечната потврда може да дојде само од американскиот претседател, пренесе Укринформ.

– „Тоа, искрено, може да го потврди претседателот на Соединетите Американски Држави. Станува збор за американски трупи и Америка носи такви одлуки. Се разбира, за тоа разговараме и со претседателот Трамп и со претставниците на Коалицијата на подготвените“ – рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина би сакала да види американски трупи на своја територија како дел од системот на безбедносни гаранции, оценувајќи дека тоа би било значаен чекор за јакнење на националната безбедност.

Exit mobile version