Украина е подготвена да го сподели своето драгоцено искуство во соборувањето на иранските „камикази“ дронови со земјите од Блискиот Исток, но во замена бара финансиска и технолошка поддршка. Ова го обелодени украинскиот претседател Володимир Зеленски, појаснувајќи ја прецизно природата на мисиите кои Киев ги испраќа во странство.
„Не станува збор за учество во операции. Ние не сме во војна со Иран. Станува збор за заштита и за наша темелна и целосна проценка за тоа како да се спротивставиме на иранските дронови“, изјави Зеленски, отфрлајќи ги шпекулациите за директно воено вмешување на Украина во блискоисточниот регион.
Украинскиот претседател откри дека се формирани три специјализирани тима, составени од десетици експерти,чија задача е да спроведат проценки и практично да демонстрираат како треба да функционира ефикасната одбрана од овие беспилотни летала.
Според неговите зборови, речиси десетина земји од целиот свет веќе побарале помош од Киев за справување со оваа закана. Зеленски потврди дека украински тимови веќе се испратени во Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија. Дополнително,


