Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека сите инволвирани во корупциски шеми ќе бидат повикани на одговорност, со посебен фокус на националната нуклеарна компанија Енергоатом, јавуваат британските медиуми.
Во своето редовно вечерно видео обраќање, Зеленски изјави:
„Сите оние што создадоа корупциска шема мора да добијат јасен правен одговор. Мора да има кривични казни.“
Претседателот го даде коментарот по повод денешното отворање на истрага за корупција во енергетскиот сектор на Украина.
„Неопходна е неизбежност на казната. Енергоатом во моментов обезбедува поголем дел од производството на електрична енергија во Украина. Чистотата во компанијата е приоритет. Исто така и во енергетскиот сектор во целина и во секоја индустрија“, додаде Зеленски.
Најавата доаѓа во момент кога украинската влада се стреми да ја зголеми транспарентноста и довербата во јавните компании, особено во критичните сектори како енергетиката.

