Зеленски: Русија ќе ги засили нападите следната недела

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува Русија да ги интензивира нападите врз таа земја, бидејќи Киев ја чека одлуката на Европската Унија дали ќе и додели статус на земја кандидат за членство во ЕУ.

„Очигледно треба да се очекува Русија да ги интензивира непријателските активности следната недела“, рече Зеленски во своето видео обраќање, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека Русија нема да биде агресивна само кон Украина, туку и кон другите европски земји, наведува британската агенција.

20.06.2022 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега