Зеленски пресече: Имам план за победа

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека има „план за победа“ да му го претстави на американскиот претседател Џо Бајден подоцна овој месец. Планот, вели тој, ќе ја принуди Русија дипломатски да ја заврши војната. Украинскиот лидер рече дека планот ќе дејствува за зајакнување на Киев и ќе има „психолошко“ влијание врз Москва, но не даде дополнителни детали.

Тој додаде дека планот ќе треба да им биде претставен на украинските сојузници пред вториот меѓународен мировен самит што сака да го одржи подоцна оваа година.

„Доколку партнерите го поддржат планот, на Украина ќе и биде полесно да ја принуди Русија да ја прекине војната“, рече тој.

„За што е овој план? Тоа е сериозно зајакнување на Украина и, според мене, ќе има и психолошко и политичко влијание врз одлуката на Русија да стави крај на оваа војна“, рече Зеленски.

Подготовката на тој план Зеленски веќе ја спомена на прес-конференција на крајот на август, без да навлегува во детали. Тогаш тој само рече дека упадот на Украина во руската област Курск на почетокот на август е дел од тој план, со надеж дека Украина на тој начин ќе добие посилна позиција за евентуални мировни преговори со Москва. Соработниците на Трамп навестија дека, доколку победи, тие ќе ја искористат помошта за да го принудат Киев да направи територијални отстапки кон Русија за да ја запре војната.

Зеленски ги повика Обединетото Кралство и САД да донесат „силни одлуки“, мислејќи на дозволата за употреба на оружје со долг дострел длабоко во Русија.

„Малку подоцна ќе разговарам со Блинкен и со министерот за надворешни работи на Велика Британија. Не ги знам сите детали од нашиот разговор. Ќе бидам отворен и искрен“, рече тој.

11.09.2024 - 19:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега