Зеленски предупреди: Нападот на Украина е првиот чекор на руското освојување

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика Европската унија да ги заостри санкциите кон Русија и тврди дека руските сили би можеле да нападнат други земји по инвазијата на неговата земја.

Зборувајќи пред двата дома на чешкиот парламент преку видео врска, Зеленски тврди дека територијалните амбиции на Русија се протегаат од Варшава до Софија, според Ројтерс.

– Русија не е заинтересирана само за нашите градови Мариупол, Северодонецк, Харков и Киев. Не, нејзините амбиции се фокусирани на огромна област, од Варшава до Софија – изјави украинскиот претседател, без да наведе докази за своето тврдење, пренесува Ројтерс.

Зеленски ја повика Украина да го отвори патот за членство во ЕУ.

– Давање кандидатски статус на Украина во овој момент значи докажување дека европското обединување е реално и дека европските вредности навистина функционираат и дека тие не се само прецизирани во одредени документи – рече Зеленски, пренесува Ројтерс.

Според него, чешкиот народ, по нацистичката германска окупација за време на Втората светска војна и деценијата на советската доминација по војната, знае како завршува компромисот и што следува по отстапките за тиранијата.

– Човек кој сака да зграпчи се, никогаш нема да се задоволи само со дел од она што го сака – рекол Зеленски, пренесува британската агенција.

15.06.2022 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега