Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва се огласи на Телеграм.
„Денес, за време на средбата со американскиот секретар за армија, Даниел Дрискол, разговаравме за опциите за постигнување вистински мир, фазите на работата и форматите за дијалог, како и за новите импулси за дипломатијата. Нашите тимови – Украина и САД – ќе работат на точките од планот за завршување на војната. Подготвени сме за конструктивна, искрена и оперативна работа“, напиша Зеленски.
„Одделно го информирав за стравичниот руски напад врз Тернопиљ. Ракетата Х-101, со која руската војска вчера погоди обична станбена зграда, е произведена во 2025 година. Таа содржи 175 странски компоненти што сè уште пристигнуваат во Русија заобиколувајќи ги санкциите. Сметаме на поддршката од САД за ограничување на сите такви шеми. На министерот Дрискол му предадов конкретни материјали со информации за компаниите што ги произведуваат критичните компоненти, земјите на потекло и деловите сами по себе.“

