Зеленски: Патот на Русија е многу јасен – пораз, срам и осуда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека воените сили се ближат кон преземање на градот Лиман, кој беше окупиран уште на пролет од Русите.

„Имаме значајни резултати во источниот дел на нашата земја. Се приближуваме кон Лиман. Овие чекори ни значат многу“, кажа Зеленски.

Русија вчера анектираше четири украински територии, но Зеленски не се откажува од намерата да ги врати деловите.

„Мораме да ја ослободиме цела наша држава“, смета украинскиот претседател.

01.10.2022 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега