Основниот пакет нацрт-документи како дел од мировниот план за завршување на војната во Украина е подготвен, изјави денес претседателот на Украина Володимир Зеленски, наведувајќи дека се подготвени вкупно 20 точки од мировниот план, како и дека се завршени нацрт-документите за безбедносни гаранции меѓу Украина и партнерските земји и нацрт-документот за обнова на земјата.

„Според мене, сè што требаше да се направи за првите нацрти е веќе направено. Постои план од 20 точки. Не е сè совршено, но планот постои“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.

Украинскиот претседател додаде дека се подготвени рамковни документи за безбедносни гаранции меѓу Украина, Европската Унија и Соединетите Американски Држави, како и посебен билатерален документ за безбедносни гаранции меѓу Киев и Вашингтон, кој треба да го разгледа Конгресот на САД, вклучувајќи детали и доверливи анекси.

Exit mobile version