Шведска преговара за продажба на помеѓу 100 и 150 борбени авиони „Сааб ЈАС Грипен“ на Украина, изјави премиерот Улф Кристерсон во средата по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски рече дека Украина има намера да воведе и да почне да користи „Грипен“ следната година: „За нашата армија, „Грипен“ се приоритет“, рече тој на заедничката прес-конференција со Кристерсон.

Двајцата лидери го посетија Линкопинг на југот на Шведска и таму „Сааб“, производителот на борбените авиони „ЈАС 39 Грипен“.

„Целосно сме свесни дека имаме долг пат пред нас“, рече Кристерсон. „Но, од денес, ние сме посветени на истражување на сите можности за снабдување на Украина со голем број борбени авиони „Грипен“ во иднина.“

Можноста за испорака на „Грипен“ на Украина се разгледуваше во последните две години, но беше одложена за да може Киев да се фокусира на воведувањето на американските борбени авиони „Ф-16“ што започна минатиот август.

„Грипен“ е во употреба од 1996 година, а „Сааб“ вкупно има произведено околу 280 од нив.

Exit mobile version