Зеленски: Мора да ѝ го возвратиме ударот на Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европа да возврати на „војната со гасот“ со нови санкции кон Русија.

„Денеска слушнавме нови закани кон Европа. Без разлика што ќе ги вратиме турбините, Русија нема да продолжи да ги снабдува европските земји со гас, иако има потпишано договор“, кажа Зеленски.

Зеленски посочи дека Русија веќе двапати ја намалила својата испорака на гас кон Европа во јуни.

„Ова е отворена војна. На Русија ѝ е гајле што ќе биде со луѓето, дали ќе страдаат од глад или студ. Мора да возвратиме“, порача украинскиот претседател.

25.07.2022 - 23:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега