Зеленски им се заблагодари на укранските војници кои го ослободија Харков

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на војниците кои ги истерале руските борци од Харков.

„Ви благодарам за одбраната на Украина“, кажа Зеленски во кратка видео-порака.

Зеленски испрати благодарност до војниците во име на сите Украинци, како и неговото семејство.

Украинските војници кои го бранат градот Харков стигнаа до државната граница со Русија, изјави претходно денеска регионалниот гувернер Олех Синегубов.

16.05.2022 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега