Зеленски го смени командантот за специјални операции

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски го разреши командантот на силите за специјални операции на украинската армија, Хрихориј Халахан.

Зеленски веднаш потоа го назначи генералот Виктор Хоренко за нов командант за специјални операции.

Халахан беше командант на силите за специјални операции од август 2020 година, а засега не е позната причината поради оваа одлука на Зеленски.

25.07.2022 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа