Зеленски го смени командантот на силите на територијалната одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го смени командантот на силите за територијална одбрана без да ја наведе причината за одлуката, три месеци по почетокот на конфликтот во Украина, јави ДПА.

Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Зеленски го назначил генерал-мајор Игор Танкура на местото на Јуриј Галушкин.

Министерството го опиша Танкура како искусен офицер кој претходно бил началник на Генералштабот на копнените сили на Украина, а сега ќе командува со силите што и помагаат на украинската армија во одбраната на земјата по руската инвазија.

Во него се наведува дека силите за територијална одбрана брзо ја зголемиле својата бројност откако биле основани, непосредно пред инвазијата и дека играле важна улога во војната со Русија

„Експлозивниот раст на структурата, особено во услови на интензивна борба, е огромно искуство, (со)грешки и достигнувања. Има успеси и, за жал, загуби“, се вели во соопштението на Министерството. 

16.05.2022 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега