Зеленски: Го ослободуваме Харков, ништо нема да му оставиме на непријателот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа едка Украинците вратиле дури 1.015 населени места од окупацијата на Русија.

– Продолжуваме со обновување на окупираните територии на Украина. До денес се обновени 1.015 населени места, што е шест во изминатите 24 часа. Таму враќаме струја, вода, врски, транспорт, социјални услуги. Тоа е важно.

Се разбира, се сеќаваме на секој град и на секоја заедница што се уште е под окупација. Херсон, Мелитопол, Бердјанск, Енерходар, Мариупол и сите градови и населени места во Донбас – рече Зеленски.

Тој рече дека постепеното ослободување на регионот Харков докажува дека Украина никогаш нема да остави ништо на рускиот непријател.

14.05.2022 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа