Украинскиот претседател Володимир Зеленски остварил разговор со вселенскиот патријарх Вартоломеј, при што го информирал дека руските воени напади врз Украина не престанале ниту за време на бадниковите и божиќните празници, кои денес се одбележуваат според грегоријанскиот календар, пренесуваат украинските медиуми.

„За жал, руската војска дури ни за Бадник и Божиќ не ги запре своите брутални напади врз Украина, енергетскиот сектор и нашиот народ. Во многу наши градови и села нема електрична енергија“, напиша Зеленски на својот канал на Телеграм.

Тој додаде дека и денес руските сили повторно ги гранатирале градовите во источниот дел на земјата, јави украинската новинска агенција Укринформ.

Exit mobile version