Македонија и Бугарија конечно ќе се поврзат со железнички тунел долг 2.383 метри. Собраниската Комисија за надворешна политика денеска едногласно го прифати предлог-законот за ратификација на Договорот со источниот сосед, со што се отвора патот за изградба на овој капитален проект.

Тунелот е клучната алка што недостасуваше на Коридорот 8. Според проектот, 1.189 метри ќе бидат на македонска, а 1.193 метри на бугарска територија.

Крум Ефремов од МНР појасни дека договорот ги уредува сите технички и финансиски прашања, а инфраструктурата ќе мора да ги исполни строгите стандарди на ЕУ и НАТО.

„Овој договор ќе создаде позитивни политички и економски предуслови за трговска и индустриска соработка… со цел изградба, но и оперативно функционирање на граничниот премин“, истакна Ефремов.

Exit mobile version