Зеколи: Сите прашања за „бомбите“ водат кон Заев

Екс дипломатот и аналитичар Арсим Зеколи поставува неколку прашања во врска со “бомбите” меѓу кои и последната објавена за пратеникот Павле Богоевски која покрена лавина коментари.

- Скандалот Павле и негови џанки-адвокати е помалку битен момент. Ре-легализацијата на бомбите во јавноста е клучната тема. Како доаѓаат до јавноста? Кој ги чувал? Нели сите биле дадени на ЗЗ т.е. СЈО? Кој ги давал наоколу? Сите прашања водат до Заев, смета Зеколи.

Инаку, снимката се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. Тој на Фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис.

- За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша Богоевски на Фејсбук.

Вчера беше снимен како излегува од полиција, а  за Телма изјави дека ќе направи сѐ што ќе побара од него полицијата, ако е потребно и тестирање за дрога.

Инаку, до сега следеа многу реакции за настанот кој одекна. Актерот Дац побара оставка од Богоевски како што бил редот и прес-конференција на Бошњаковски, а ВМРО-ДПМНЕ побараа Заев да му побара оставка и павле да се тестира за дрога.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2019 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега