Зеколи до Заев: Генералка во Влада е кога со Рада ќе поднесете оставка

Откако вчера на трибина премиерот Зоран Заев најави дека ќе има чистка и не дозволува враќање на режимот на Груевски, туку оди на убедлива победа на вториоткруг од изборите, се огласи и политичкиот аналитичар Арсим Зеколи, кој денеска истакна дека единствен начин за СДСМ да се ги поврати гласачите е генеpaлка во Владата која ќе започне со ocтавките на Заев и Шекеринска.

Претходно со реакција се јави и противкандидатот на Стево Пендаровски за претседател, Гордана Силјановска Давкова.

Инаку, Заев рече дека оделе на убедлива победа и со оваа реченица предизвика лавина реакции.

- Близината на гласовите вика дека се враќа режим, се враќа Груевски, а тоа никој не го сака. Да ги вратиме насмевките на лицата и да засукаме ракави во наредните две недели. Не се работи за СДСМ, за коалициони партнери, туку за татковината. Не нуди алтернатива освен само квази-националистичка реторика. Едвај чекаат да се вратат и да ја доразграбаат државата. Ние ја примивме пораката дека има незадоволство од централната и окалната власт. Најавувам дека секако ќе има чистка и секако ќе расчистиме. После изборите ќе се случат промените. Ќе дојдат нови и поучени од грешките на претходниците - рече Заев на трибна синоќа.

Првиот круг од изборите помина со најмала излезност досега на претседателски избори.

Според последните податоци што ги објави ДИК одѕивот во првиот круг на Претседателските избори изнесуваше 41,82 отсто или на гласање излегле 755,816 граѓани.

Новиот претседател на државата ќе се избира во вториот круг што треба да се одржи на 5 мај. Граѓаните ќе избираат меѓу двајцата кандидати кои вчера освоија најмногу гласови Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова. За да биде избран новиот шеф на државата, на гласање ќе треба да излезат повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.04.2019 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега