Зеќири не беше донесен на судење, судијката: Повикана е Брза помош, а зависно од проблемите ќе биде однесен во болница

 

Полицијата не можела да го спроведе Мухамед Зеќири од куќен притвор, бидејќи кога службениците дошле да го земат – тој ги известил дека е болен. Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска на судењето посочи дека имала повик од командирот од полициската станица Карпош, која ја известила што се случувало при обидот за спровод. Рочиштето се одложува по 45 дена од првото одржано рочиште за овој предмет.

„ Со оглед на тоа што имав телефонски повик од командирот на ПС Карпош Владо Симјановски кој го извести дека не можат да постапат по наредбата од судот за спровод на Мухамед Зеќири кој е во куќен притвор поради здравствени причини. И поради здравствени проблеми е повикана Брза помош, а зависно од проблемите ќе биде спроведен и во клиничкиот центар“, кажа Фанка Јанчулева-Михаиловска.

Судијката додаде дека ќе го прифати за веродостојно известувањето од полицијата за неможноста да се спроведе Зеќири. Таа пред адвокатите на Зеќири рече: „Инаку ќе постапев поинаку“.

Во петокот, Зеќири барал здравствен преглед во една од скопските клиники. Тој му бил дозволен од судот, а бил спроведен со полиција.

Следното рочиште е закажано за наредната недела. Тогаш, ќе се испитуваат две лица. Првиот сведок е Киро Костов – вешто лице. Второ лице е сведокот Петко Димитров. По испитување на овие две лица, доказната постапка на обвинителката Катерина Коларевиќ завршува. Во судницата ќе бидат испитани и вработениот во Владата Агим Махмути, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, и директорот на „Пошти“ Јани Макрадули.

30.01.2023 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега