Зеќири до Богоевски: Павле другар докажа дека си човек и борец

Пратеникот и заменик претседател на СДСМ, Мухамед Зекири даде поддршка за Павле Богоевски, кој денеска поднесе оставка од пратеничката функција по скандалот кој излезе со видеото кое се појави на кое му се слуша гласот.

- „Павле другар, беше и остана симбол на борбата. Покажа и докажа дека пред се си човек и голем борец. Одржа лекција по демократија која вмровците и не само тие, немаат капацитет да ја научат“, истакна Зекири.

Инаку, Богоевски денеска на седницата за одземање на мандатот на Груевски, поднесе оставка по скандалот со видеото кое се појави, за кое тој тврдеше дека нарачува масло од канабис за медицински цели. 

Тој на седницата за одземање на мандатот на Груевски кој шест месеци е неоправдано отсутен, кажа дека гласот за одземање на мандатот, ќе биде негов последен глас во Собранието. По скандалот се решил да поднесе оставка, информираше денеска.

Видеото се појави се појави од профил со псевдоним „Илија Громовник“, а во која се слуша гласот на пратеникот. 

Претходно на Фејсбук напиша дека не нарачува кокаин во објавената снимка, туку масло од канабис.

- За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша Богоевски на Фејсбук.

Следеа многу реакции, а ДУИ и независните пратеници на ВМРО, побараа да се прават тестови за дрога на сите вршители на јавни функции.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега