Зекири: Заев ни кажа, сѐ може да правиме, но не смееме да се јавуваме по судии и да бараме услуга

Заев на сите функционери од СДСМ и владата, ни има кажано дека сè може да се прави, но да се јавуваме по судии и да бараме услуга, не. Не сееме страв, помина времето на стравот. Луѓето се ослободени, рече потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири, пренесе „Локално“.

-Денешниот марш беше да испратиме порака дека судството и обвинителството по донесувањето на законот за ЈО се ослободени и дека слободно судиите и обвинителите без притисок од никого треба да работат. За се што има докази, судот по закон и Устав да делува. Ништо преку ноќ не може да се среди. Ние на власт дојдовме токму со таа цел дојдовме, да ја вратиме правдата. Знаеме како беше пред да дојдеме на власт, знаеме на кои потешкотии наидовме во однос на судството и се она што се случуваше- вели Зекири.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега