Зекири: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за одбрана

Мухамед Зекири од СДСМ денеска ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за одбрана, во кој се вградуваат принципите на колективна безбедност.
 
– Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ со денови да зборува за НАТО, а притоа да не сака да ги поддржи законските решенија што овозможуваат имплементација на НАТО стандардите во одбраната и безбедноста, рече Зекири.
 
Зекири исто така демантираше дека во Собранието се пристигнати повеќе закони по скратена постапка, посочувајќи дека станува збор за измени на закони за усогласување со законот за прекршоци со кој се намалуваат глобите за прекршоци. 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега