Зекири: Се чудам на ДУИ кои се фалат за покачување на платите како сето ова да е нивно достигнување

Откако е постигнат искоторискот договор помеѓу СОНК и Министерството за образование за покачување на платите за 10 отсто, со Фејсбук статус се огласи и Мyxaмeд Зекири кој што напиша:

„Постигнат историски договор помеѓу МОН и СОНК! Наставниците добиваат дополнителни 10% покачување на платата од jануари 2020. Тоа значи вкупно покачување на платите на просветните работници од над 20%. Најважно е за децата и за образованието да се грижат мотивирани наставници. Се грижиме!

П.С Се чудам на министриве на ДУИ кој се фалат како сето ова да е нивно достигнување. Забораваат дека без насоки и одлука на премиерот не може да наосат одлуки за клучните определби од владината програма!
Само да ги потсетам дека во времето кога владееја со ВМРО ДПМНЕ иако имаа министер за образование не успеаја три имиња на училишта да сменат.“

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2019 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега