Зечевиќ влегува во трката за наследник на Заев: Цело време бев булдожерот на СДСМ

Миле Зечевиќ, поранешен организациски секретар на СДСМ се подготвува да се кандидира за лидер на партијата.

– Во однос на другите кандидати, јас сум во предност во однос на нив. Сите структури долго ме познаваат. Јас бев „булдожерот“ на СДСМ во сите овие години. Ако сите релевантни политички фигури во партијата влезат со амбиција да го преземат претседателскиот трон, тоа може да предизвика лавина од бурни реакции внатре во членството. Ако почнеме со тоа, нема да биде добро за СДСМ. Многу е важно пред секој политички потег, внимателно да се анализира какви реакции ќе предизвика и какви последици ќе направи. Ќе почекам до петок – рече Зечевиќ вечерва во гостување на ТВ24.

Вели дека клучен момент што ќе пресече е да го почувствува импулсот на членството во овој момент.

 

– Битно ми е останувањето на Заев во Владата како премиер. Добро би било за нас како партија да го продолжиме процесот и убеден сум дека никој освен Зоран Заев не може да ја води Владата за во 2024 да  излеземе на редовни парламентарни избори. Тоа е мојот став и позиција. Секое друго решение го сметам како решение кое ќе не воведе во предвремени парламентарни избори – рече Зечевиќ.

02.12.2021 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега