Здравствени експерти повикуваат: Пушачите да се откажат од цигари, тутунската индустрија да запре со работа поради Ковид-19

Здравствени експерти ги повикаа пушачите да ги остават цигарите, но и тутунските комбинати да престанат да произведуваат и продаваат тутунски производи за да се намали ризикот од ширење на коронавирусот.

-Најдоброто нешто што тутунската индустрија може да го направи во борбата против Ковид-19 е во истиот момент да престане со производство, маркетинг и продажба на тутун, изјави Ган Куан, здравствен работник и директор на меѓународниот синдика во борба против туберкулоза и белодробни болести, пренесува хрватски индекс.

Експерти од подрачјето на респираторни болести и специјалисти за белодробни заболувања се загрижени за влијанието на Ковид-19 на 1,3 милијарди пушачи во светот, особено во оние земји во кои здравствените системи не се најдобри.

Пушењето е познато по тоа дека го ослабува имунитето, односно го прави послаб во реакција против инфекција. Пушачите исто така можат да имаат белодробни болести или намален капацитет на белите дробови што значително го зголемува ризикот од нови заболувања.

Куан упати апел до властите во светот да имаат „морален императив“ советувајќи ги пушачите да престанат.

-Ова е апсолутно најдобро време да престанете со пушачи, истакна Куан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега