Состојбата со здравствената заштита на лицата кои издржуваат казна затвор ќе биде тема на денешната дебата што ја организира Канцеларијата на Народниот правобранител, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Настанот ќе го отворат народниот правобранител Фатон Сељами и шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Килијан Вал.

На дебатата, заменик-народниот правобранител Соња Трифуновска ќе ги претстави резултатите од истражувањето за достапноста и квалитетот на здравствените услуги во казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови.

Во дискусијата ќе се вклучат претставници на Управата за извршување на санкциите, Министерството за здравство и раководствата на установите, со цел да се разгледаат утврдените состојби и предизвиците во обезбедувањето здравствена грижа за осудените лица.

Exit mobile version