Здравствен работник од Росоман позитивен на Ковид 19

 Здравствен работник од Росоман е меѓу новозаболените од коронавирус во Тиквешко. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Како што рече Јовановски, изминатите 24 часа во регионот е евидентиран нов 31 случај позитивен на Ковид-19. Дваесет и пет лица се од Кавадарци, по три од Неготино и од Росоман. Сите се на возраст од 13 до 70 години. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега