Здравствен дом Скопје: Вакцинацијата на децата се одвива во сите поликлиники од 12 до 18 часот

Поради актуелната состојба со коронавирусот, вакциналните пунктови во сите наши поликлиники работат од 12 до 18 часот, објави на својот ФБ профил Здравствен дом Скопје.

Посочуваат дека вакцинацијата на децата се одвива непречено според календарот за имунизација.

„Драги наши родители и најмали корисници на здравствени услуги, ве информираме дека поради актуелната состојба со коронавирусот,вакциналните пунктови во сите наши поликлиники работат од 12 ч. до 18 часот.
Вакцинацијата се одвива непречено според календарот за имунизација.
Ви благодариме на разбирањето и чувајте се!“ велат од таму.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега