Зденка била сведок на масакрот во Чешка: „Само ги носеа жртвите, крв имаше насекаде“

Шест лица се убиени во пукање денеска кое се случи во чекалната во една болница во Острава на североистокот во Чешка, а полицијата после повеќечасовна потрага, убиецот го пронашла мртов во паркиран автомобил недалеку од градот.

Меѓу жртвите се четири мажи и две жени и сите се пациенти на болницата.

Хигиеничарката Зденка, која била во болницата во моментот кога ги носеле жртвите го опишала моментот на ужасот кога видела ранета една жртва.

„Една од жените во која беше пукано ја носеа на носилка, од неа течеше крв. Мислам дека веднаш ја однесоа во операциона сала“, додала хигиеничарката.

Засега не се знае мотивот за нападот.

Четири жртви веднаш подлегнале на повредите, додека две починале подоцна во операционата сала. Се стравува дека бројот на жртвите би можел да се зголеми, затоа што уште едно лице е во критична состојба.

Вработените во болницата велат дека глетката била стравична и дека сите барале засолниште кога почнало пукањето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега