„Збогум на порно снимките, се враќам на фудбалот“ - Изгледа дека од разголени фотографии не се живее

23-годишната англиска фудбалерка Медлин Рајт, добила отказ пред неколку месеци во Фудбалскиот клуб Чарлтон поради тоа што на Инстаграм објавувала провокативни фотографии и снимки, па наместо фудбалска кариера, одлучила да се обиде во друга индустрија.

Преку сајтот за возрасни "OnlyFans" продавала разголени снимки и солидно заработувала, но во меѓувреме одлучила да се врати на фудбалот.

„Повторно почнувам да тренирам. Нервозна сум, но возбудена бидејќи повторно ќе облечам копачки", истакнала Медлин која моментално е без клуб.

Веројатно брзо ќе пронајде, бидејќи инаку важи за добра фудбалерка, а ќе видиме дали враќањето во спортот ќе и донесе поголема заработувачка од порно индустријата.

Чисто за информација, месечна претплата на нејзиниот "OnlyFans" профил изнесува 33 долари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2021 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега