Завршува мандатот на Богов - кој ќе биде новиот гувернер на Народната банка

 

Дали Димитар Богов ќе остане во гувернерската фотелја? На 20 мај истекува мандатот на првиот човек на Централната банка. До тогаш претседателот Иванов треба да излезе со предлог за гувернер кој ќе го достави до Собранието на гласање.

Од Кабинетот на Иванов велат дека веќе два месеци вршат консултации со релевантни фактори од оваа област, конечниот прелдог ќе биде доставен навреме.

„Согласно Законот на Народна Банка, Гувернерот го именува Собранието на предлог на Претседателот. Претседателот Иванов како и досега, така и во иднина, ќе се води исклучиво од квалитетот и професионалноста на личноста која ја предлага, со цел Република Македонија да добие гувернер кој најодговорно ќе ја извршува оваа многу значајна функција во државатаза време на неговиот мандат“, стои во објаснувањето на Кабинетот на Претседателот Иванов.

Соглансо Законот за Народна Банка, гувернерот има право на повторен мандат со траење од седум години. За него избор во Собранието потребно е просто мнозинство.

Актуелниот гувернер Богов беше избран во март 2011, а функцијата почна да ја извршува два месеци подоцна. На сердината на март, сега се уште нема кандидат на оваа позиција.

НБРМ е независна од 1992 година. Пред Богов гувернери беа  Борко Станоевски, Љубе Трпески и Петар Гошев.

 

 

 

13.03.2018 - 19:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа