Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година.
Со завршувањето на летното сметање на времето, во 03:00 часот наутро стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.
Во согласност со Одлуката:
Летното сметање на времето во 2025 година започна на 30 март во 02:00 часот,
кога времето беше поместено еден час нанапред.
Завршувањето на летното сметање ќе се изврши на 26 октомври во 03:00 часот, со
поместување еден час наназад.
Одлуката е донесена врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на
времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област.
Актуелно
- Спречен нов терористички напад во Европа: Уапсени тинејџери кои планирале напад врз трговски центар
- Полицијата пресретна измамници: Татко и син од Романија продавале лажни брендови за злато и девизи
- Штипјанец имал клуч од работното место, па после работно време отишол и ги собрал парите
- Страшна несреќа на булевар во Гевгелија: 76-годишник прегазил 77-годишна бабичка која туркала велосипед
- Американските војници почнуваат со евакуација од Катар и Бахреин
- (ВИДЕО) Тирана во пламен: Молотови коктели се фрлаат врз владата, полицијата со водни топови го смирува хаосот
- Семеен ужас: Скопјанец ја претепал партнерката и детето – заврши во полиција
- Подгответе се за хаос: Ништо нема да биде како што изгледа – Од 26 февруари Меркур влегува во својата ретроградна фаза


