Заврши заложничката драма во Санкт Петербург- Мажот кој држеше шест деца во стан, сам се предал на полицијата

Мажот, кој киднапираше и држеше во заложништво шест деца во станот во предградијата на Санкт Петербург, го напушти станот и се предаде, изјави извор во Министерството за вонредни ситуации.

„Тој сам ја отвори вратата и се предаде“, беше наведено.

Според полицијата, децата биле неповредени.

Претходно беше кажано дека напаѓачот бил вооружен со секира и бил во алкохолизирана состојба. Околу пладне, полицијата од областа Колпин добила информација од жената дека нејзиниот сопруг ја избркал од станот, а потоа ја заклучил и во неа држел шест деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 16:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега