Заврши обдукцијата: Позната причината за смртта на 15-годишното момче во Халкидики

Вчера почина 15-годишно дете додека пливало на плажата Неа Фогитос на Халкидики, а според информациите на „Прототема“, обдукцијата покажала дека причина за смртта е давење.

Во следниот период се очекуваат и резултати од хистолошки прегледи за да се покаже дали 15-годишното дете загубило свест од друга причина додека било во вода или се удавило додека пливало.

Момчето било починато кога го извлекле на брегот, па обидите за реанимација биле неуспешни.

29.08.2022 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа