Четириесетгодишен скопјанец, кој издржувал затворска казна во КПУ Затвор Штип, вчера претпладне бил пронајден починат во својата соба.

Случајот во СВР Штип бил пријавен од страна на затворската управа во 10:35 часот. На лице место веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекарот констатирал смрт и утврдил дека на телото нема видливи траги на насилство.

„По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта“, информираат од полицијата.

Exit mobile version