Тропскиот циклон Фина се приближува кон северна Австралија и би можел значително да зајакне до утре, предупредува австралиското Биро за метеорологија (BoM). Според последните податоци, Фина моментално е систем од прва категорија, но се очекува да премине во трет циклоничен степен, со ветрови меѓу 165 и 224 километри на час додека се движи кон Северната Територија.

Метеоролозите предупредуваат на обилни дождови, силни пориви на ветер и можни локални поплави, особено во поширокиот регион на Дарвин. Како мерка на претпазливост, дел од училиштата во оддалечените заедници веќе се затворени, а Универзитетот „Чарлс Дарвин“ привремено ги прекина сите активности. Откажани се и бројни спортски настани, а неколку траектни линии се прекинати.
Училиштата во Дарвин засега продолжуваат да работат нормално.

Службите за итни случаи упатија апел до населението да ја сфати заканата со најголема сериозност и навреме да ги подготви своите домови.
Не паничете“, изјави контролорот на инциденти Кирстен Енгелс за „Еј-Би-Си Радио Дарвин“. „Сакаме луѓето да бидат подготвени, навистина да го сфатат ова сериозно сега. Овој систем може да донесе ветрови со бура и разорни ветрови и интензивни врнежи“, предупреди таа.

Според прогнозите, циклонот Фина би требало да се премести од регионот во недела навечер.

Exit mobile version